Кантри пејачката Тејлор Свифт минатата година заработила 57 милиони долари, што е повеќе од заедничката заработка на Бред Пит и Ен Хатавеј, пренеле медиумите. Свифт, чии песни обично зборуваат за раскинувања и нејзини поранешни романси, станала трета најплатена жена во светот на шоубизнисот зад Опра Винфри и Бритни Спирс. Акерката Ен Хатавеј и покрај фактот што играла во два филмски хитови, заработила скромни десет милиони долари.
Пит заработил импресивни 35,5 милиони долари со појавувањето во филмот „Убиј ги нежно“, а за појавуањето во реклама за парфемот „Шанел 5“ заработил седум милиони долари. Пејачот Џастин Бибер минатата година заработил 35,5 милиони долари благодарение на своите турнеи, инвестиции во нова технологија и својата линија женски парфеми, кои многу добро се продаваат. Според медиумите, на листата се нашле и пејачката Адел која минатата година заработила 32 милиони долари, како и актерот Ченинг Тејтум со заработка од 15 милиони долари.