Американската пејачка Тејлор Свифт по прв пат во кариерата е на насловната на британскиот Вог. 24-годишната суперѕвезда од Пенсилванија ја покажала својата најженствена страна позирајќи во розево парче облека со потпис на Прадиниот Миу Миу. Од другата страна на објективот стоел славниот моден фотограф Марио Тестино.

Во пропратното интервју Тејлор со познатата новинарка и уредничка Џо Елисон разговарала за својот нов албум, но и еволуцијата на стилот, која не останала незабележана од страна на модните критики.

извор:cromoda.com