Младата поп-кантри ѕвезда, Тејлор Свифт, го поминала Денот на независноста во друштво на Патрик Шварценегер, синот на славниот актер, што ги покренало гласините дека тие двајца се во врска.
Тејлор Свифт (22) и Патрик Шварценегер (18) биле видени како се шетаат по брегот од океанот, смеејќи се и уживајќи на сонцето.
Патрик подоцна го поделил своето воодушевување со фановите преку Твитер.
“Овој ден беше неверојатен. Најдобриот Ден на независноста кој можев да го замислам. Се надевам дека сите убаво си поминавте“,напишал Патрик.
Тејлор Свифт претходно се забавувала со Џон Мајер и Џек Ѕиленхал.