Ова е дефинитивно година на Тејлор Свифт. Има најпродаван албум, милиони прегледи на видео спотовите, неброени настапи, дури рекордни осум Билборд награди и успешна светска турнеја. Освен тоа, 25-годишната Тејлор ова чето ќе ужива во прегратките на своето ново момче, диџејот Келвин Харис со кој се во врска од пред неколку месеци.

 

И додека извесен временски период се криеа од очите на јавноста, младиот пар сега јавно ужива во благодетите на својата врска. Фотографиите од заедничкото дружење ги објавиле на Инстаграм, а едно е очигледно, за нив летото веќе започна.