Зад нас е уште едно доделување на Билборд наградите на кои триумфира Тејлор Свифт, но повеќе од наградите внимание земаа познатите дами во раскошни креации. Овогодинешното доделување на наградите со насмевка на лицето го следеше Тејлор Свифт која освои дури осум награди. Импресвната бројка ја коментирала и самата пејачка, а својот музички триумф го спосвети на сите матуранти, меѓу кои и нејзиниот брат Остин.
Забавата со своите настапи ја зачинија Бритни Спирс, Џон Леџенд, Питбул, Крис Браун и Кање Вест, но сопругот на старлетата Ким Кардашиан бил исвиркан од публиката. Освен самото доделување на наградите, најмногу внимание привлекуваа длабоките деколтеа на познатите дами, па така на црвениот тепих најфотографирани дами беа Селин Дион, Џенифер Лопез, Мараја Кери и Рита Ора.