Тејлор Свифт се нашла на првото место на листата на Билборд за изведувачи со најголема заработка во 2011 година. Младата кантри пејачка во 2001 заработила повеќе од 35 милиони долари, додека втора листата е ирската група U2, која инкасирала 32 милиони долари. Преостанатите три места од првите пет ги зазеле Кени Чесни, Лејди Гага и Лил Вејн.
Изведувачите биле рангирани врз основа на заработувачката од турнеи, продажба на албуми и синглови како и авторски права. Не биле земени во предвид приходите од разни реклами, продажба на производи и договори. Британската пејачка Адел успеала да се најде меѓу првите десет на листата иако морала да ги откаже повеќето концерти во САД поради проблеми со гласните жици.