Младата пејачка Тејлор Свифт зад себе има само неколку врски, а веќе е разочарана од љубовта. ѕвездата се плаши дека никогаш нема да пронајде личност со која ќе го мине остатокот од животот. Се плашела дека ниту една магија не трае вечно. Таа во интервју за списанието „Гардијан“ изјавила дека пеперутките во стомакот и вљубените сништа еден ден ќе исчезнат.

Пејачката досега се забавувала со Џон Маер и Џон Џонас, а медиумите ја поврзувале и со синот на Арнолд Шварценегер. Тејлор е свесна дека нема засекогаш да биде млада, но рекла дека ќе се обиде да го сочува младиот дух што може подолго.