Популарната пејачка Тејлор Свифт моментално работи на песни со Кање Вест и Келвин Харис, но се шушка дека на таа листа на соработки со славните повеќе од се би сакала да ја додаде и Бијонсе. Младата Тејлор е голем фан на поп дивата и често изразува желба да сними дует токму со неа.

 

Извор близок до пејачката изјавил дека таа би убила за дует со Бијонсе. Тоа би било остварување на нејзините соништа. Сеуште не ја прашала Бијонсе бидејќи премногу а почитува, но тоа дефинитивно е на нејзиниот попис. Таа моментално се спрема за светската турнеја и нема многу време, но кога Бијонсе би рекла дека сака да сними дует, таа веднаш би се согласила. Се надеваме дека Бијонсе ќе ја искористи оваа супер прилика кога ќе слушне за желбата на својата верна обожавателка Тејлор.