Пејачката Тејлор Свифт има 60 милиони обожаватели. Искрено, фотографиите кои ги поставува на својот Инстаграм профил не се нешто посебно, но очигледно на нив постои нешто што ги привлекува обожавателите во толку голем број. Нема никакво сомнение дека Тејлор, која има 36 години, е апсолутна кралица на Инстаграм. Се заблагодари на обожавателите за достигнатиот број и ги честиташе Божиќните празници и за тоа доби милион лајкови за само 12 часа.
На второто место е Ким Кардашиан со 55 милиони обожаватели, а Бијонсе со само 400 илјади обожаватели помалку е на третото место. Тејлор очигледно знае точно што нејзините обожаватели сакаат да видат на социјалните мрежи. Но, причина за големиот број фанови е веројатно и фактот што таа ги почитува, како и тоа што младата пејачка навистина е добра и прилично приземјена личност.