Американската пејачка Тејлор Свифт била прогласена за жена на годината во изборот на магазинот „Билборд“. Кантри ѕвездата е најмлада добитничка на ова признание кое претходно било доделено на Бијонсе, Реби Мекинтаер и Ферги. Пејачката наградата ќе ја прими на свеченост на 2 декември во Њујорк.
Најновиот албум на Тејлор Свифт, “Speak Now”, бил продаден во повеќе од 3,6 милиони примероци. Наградата на овој магазин е последната во низата признанија за Свифт, која во 2010 година со албумот “Fearless” станала најмлад изведувач кој бил награден со Греми.