Тејлор Свифт е прогласена за жена на годината од влијателниот Билборд, и тоа втора година по ред и така станала првата жена на која тоа и успеало. Иако таблоидите развлекуваат поради нејзиниот љубовен живот, Тејлор се фокусирала на кариерата, што и тоа како и поаѓа од рака кај младата публика. Од Билборд објасниле дека дури 60 нејзини песни биле на Билборд Хот 100 листата, што е најголем успех на некој изведувач откако таа дебитирала во 2006 година.
Младата музичарка досега добила седум Греми награди, и има најмногу продадени дигитални песни во музичката историја, а нејзиниот најнов сингл ‘Shake It Off’ е на првото место на листите ширум светот. Наградата ќе ја добие на „Billboard Music Awards“ на 12 декември во Њујорк.