Популарната музичарка Тејлор Свифт во последно време била опседната со готвењето. Американската кантри ѕвезда изјавила дека освен музиката, го обожава и готвењето.
Изјавила како моментално ужива да готви, а од близок пријател добила голем број на книги со рецепти.


Додала дека најголемиот број од книгите на нејзините полици се со рецепти за готвење. Инаку, Тејлор со пет номинации е главен фаворит за признанието на претстојното доделување на наградите на асоцијацијата на кантри музика кое ќе се одржи на 9 ноември во Нешвил.