Се чини дека и оваа ќе биде година на Тејлор Свифт. Таа во изминатава година имаше многу причини за славење. Издаде нов албум, направи голем број запазени настапи, ја започна својата “1989” турнеја, освои дури осум Билборд награди, а го освои и срцето на еден од најпосакуваните фраери на денешницата, диџејот Келвин Харис.

 

А сега на таа листа додаде уште една ласкава титула, и тоа онаа за најсекси жена на светот, според изборот на популарното списание Максим, кој секоја година традиционално избира дури 100 најсекси жени. Листата ќе биде објавена во изданието за следниот месец, кога ќе се откријат и останатите имиња кои се наоѓаат на неа.