Кантри пејачката Тејлор Свифт е именувана за најхумана славна личност во 2012 година. Сопственичката на хитот ‘I Knew You Were Trouble’ добила признание од сајтот DoSomething.org откако донирала 4 милиони долари за Кантри куќата на славните, пренеле американските медиуми.
Оваа година, таа исто така станала најмлад добитник на наградата која ја доделува Роберт Ф. Кенеди центарот ‘Ripple of Hope Award’ . На второто место се нашла Мајли Сајрус која посветила многу внимание на животните и го спасила животот на илјадници кучиња на кои им нашла нов дом. На врвот на листата биле уште и Чејнинг Татум, Лејди Гага, Џастин Бибер и други.