Поп ѕвездата Тејлор Свифт е прогласена за најдобро облечена славна личност на годината во изборот на списанието Пипл. Младата пејачка, која го прифатила сексипилниот имиџ на црвениот тепих, се нашла на врвот на листата меѓу кои се и Лупита Нионго, Џенифер Лопез, Ријана, Ема Стоун и Ема Вотсон. Како што пренесуваат медиумите, Тејлор својот стил на облекување го опишала како женствен, издолжен и во постојано менување.
Минатата година оваа ласкава титула ја добила ѕвездата на серијата „Скандал“ Кери Вошингтон, која оваа година ја нема на списокот. Пипл избрај и најдобро облечени парови, а тоа се музичарот Џон Леџенд и манекенката Криси Тиген, кантри ѕвездите Блејк Шелтон и Миранда Ламберт и водителот Сет Меерс и неговата сопруга Алекси Аше.