Поп пејачката Тејлор Свифт неодамна купила куќа на островот Род вредна 17,7 милиони долари која ја платила во кеш, пренеле таблоидите. Куќата се наоѓала на брегот, во тренди делот Вац Хил опкружена со поголем имот. Засега не се знае дали пејачката ќе живее во вилата или станува збор за паметна инвестиција.

Таа исто така претходно купила куќа во Хајнис Порт, Масачусец, како би била што поблизу до тогашното момче Конор Кенеди. После раскинувањето ја продала куќата и  како што тврдат анонимни извори заработила еден милион долари. Пејачкта, која минатата година заработила 57 милиони долари, веќе има куќа во Калифорнија и дуплекс во Нешвил.