Инстаграм, кој е во сопственост на Фејсбук, ги потврди своите пет најследени налози по прв пат, со Тејлор Свифт на чело, чиј налог го следат дури 49,6 милиони луѓе. Риалити ѕвездата Ким Кардашиан е на второто место со 48,1 милион, а Бијонсе е на третото, благодарение на армијата од 47,2 милиони следбеници. Зад нив се поп пејачката Селена Гомез и Ариана Гранде со 45,9 односно 44,6 милиони следбеници. Чарл Порч, шефот на глобалната креативна програма на Инстаграм вели дека содржината која овие ѕвезди секојдневно ја делат е автентична е често навистина забавна. Како пример ја навел склоноста на Тејлор Свифт кон делењето фотографии со мачки и онаа на Бијонсе да дели детали од семејните одмори. Само поради споредба, претседателот на САД Барак Обама ома 4,7 милиони следбеници, а Инстаграм не го смета својот сопствен профил кој има 103 милиони корисници.

 

Дури 75 проценти од корисниците се од САД, откриле претставници од компанијата минатиот месец. Просечното време кое едно лице го минува на оваа апликација е 21 минута на ден. Петте најмногу следени дами на Инстаграм се најпопуларни меѓу младата публика, со дури 85 проценти обожаватели под 34 години. Од компанијата исто така велат дека од нив Селена Гомез е најангажирана на својот налог и често директно одговара на своите следбеници на коментарите. Една од фотографиите на Тејлор Свифт со најголем број лајкови е токму онаа со нејзиното момче Келвин Харис, која има 2,5 милиони лајкови.