Тејлор Свифт и Келвин Харис се најбогатиот пар на светот. Од првото место на најбогатите ги симнаа кралицата Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи. Сега Тејлор и Келвин би можеле да станат уште побогати и тоа за десет милиони долари. Од модната куќа Армани ќе сторат се што е во нивна моќ како би го соблекле славниот пар во долна облека за својата нова кампања.

Келвин за Армани веќе се соблекувал, но тое сакаат во тоа да му се придружи и Свифт. Не е познато како парот реагирал на понудата, но се знае дека Тејлор не сака да го покажува папокот, па облеката за неа ќе мора да биде прилично интересна. Од Армани се надеваат дека овој славен пар би можел да го повтори успехот кога за кампања ги најмиле Дејвид и Викторија, а доколку тоа се случи, хонорарот би можел да надмине 30 милиони долари. Останува да видиме дали Тејлор и Келвин ќе можат да и одолеат на оваа понуда.