Пејачката Тејлор Свифт и диџејот Калвин Харис ја прекинаа својата врска по 15 месеци, а според нивни блиски извори, прекинот завршил мирно.

„Немаше драма. Работите едноставно понекогаш не успеваат“ – изјавил близок извор на Тејлор.

Новостите се открија откако шкотскиот диџеј се врати во својот дом во Лос Анџелес, а потоа заминал на патување за Лондон.

26-годишната Тејлор и 32-годишниот Калвин во врска беа од март 2015-та и беа прилично посветени еден на друг.

„Ја сакаше Тејлор, не беше тип на девојка со која претходно некогаш би бил во врска. Му се допаѓаше што е со добро срце. Но, почна да го губи интересот веќе неколку месеци“ – додал блискиот извор.

OhridNews

Извор:CrnoBelo