Пејачките доминираат на новата листа на Форбс за најплатени млади ѕвезди под 30 години, а на прво место се наоѓа пејачката Тејлор Свифт (22) со заработка од 57 милиони долари. Нејзиниот колега Џастин Бибер (18), чија заработка се проценува на 55 милиони долари, е единствено машко во првите 5 ѕвезди. Тука е и Ријана, на трето место со заработка од 53 милиони долари, а зад неа се Лејди Гага (52 милиони), и Кети Пери (45 милиони).
Лејди Гага минатата година била на прво место со заработка од 90 милиони долари, а овој пад се оправдува со тоа што не била на турнеја во периодот од мај 2011, до мај 2012 година, кога е вршено истражувањето.
Форбсовата листа е формирана врз основа на анализа од продажба на карти за концерти и продажба на албуми, заработка од филмови и други фактори кои влијаеле врз формирањето на заработката на младите ѕвезди, а биле консултирани и менаџерите и други агенти на ѕвездите.