Тејлор Свифт додала уште една титула покрај своето име. Прогласена е за најголем филантроп меѓу славните личности. Веб страната DoSomething.org ја избрала Тејлор, а во конкуренција биле уште и Бијонсе, Ема Вотсон и Мајли Сајрус. Ова е трета година по ред како Тејлор ја освоила оваа титула.
Пејачката која има 25 години оваа година ја добила обаа престижна титула поради тоа што се отакажала од заработката од синглот ‘Welcome to New York’ во корист на јавните училишта во Њујорк. Второто место и припаднало на актерката Ловрен Кокс, а на третото место се нашла Бијонсе. Четвртото место го делат Ема Вотсон и Мајли Сајрус.