Теквондо клубот „Hwa Rang Itf“ од Лескоец-Охрид на 11 и 12 февруари ќе организира технички семинар со професорот Сениор Гран Мастер, Ким Унг Чол црн појас деветти ден.
Специјалниот гостин на семинарот, Ким Унг Чол воедно е и претседател на комисијата за организирањето на турнири во рамките од Светската теквондо федерација.
– Во светот има двајца теквондисти кои се носители на титулата Сениор Гранд мастер, а еден од нив на наше задоволство повторни ќе биде гостин во Охрид. – истакнаа од клубот.
Со организирањето на семинарот теквондо клубот „Hwa Rang Itf“ ќе ги започне активностите во Новата 2017 година.
Тренинзите од семинарот ќе се одржуваат во спорската сала „Тодор Александров“ во Велгошти.
OhridNews