Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, ги критикуваше континуираните напади на Израел врз Појасот Газа, нарекувајќи ги „сè повеќе неоправдани“, јави ДПА.

epa08209266 Tedros Adhanom Ghebreyesus (C), Director General of the World Health Organization (WHO), sits next to Sylvie Briand (R), Director of Global Infectious Hazard Preparedness of the World Health Organization (WHO), and Michael Ryan (L), Executive Director of WHO’s Health Emergencies programme, informs the media about the update on the situation regarding the novel coronavirus (2019-nCoV), during a new press conference, at the World Health Organization (WHO) headquarters in Geneva, Switzerland, 10 February 2020. The novel coronavirus (2019-nCoV), which originated in the Chinese city of Wuhan, has so far killed at least 910 people and infected over 40,000 others, mostly in China. The death toll from the novel coronavirus has surpassed the death toll from SARS epidemic of 2002-2003. EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Нападите на Хамас и другите вооружени групи против Израел, во кои загинаа 1.200 луѓе и беа земени над 200 заложници, се целосно неоправдани. Но, нивото на израелскиот одговор изгледа сè понеоправдано. Сведоци сме на уништување на човечки животи и имот во ужасни размери, рече Тедрос во видео-обраќање пред Генералното собрание на ОН.

Според него, светот сега гледа како „се уништува цивилизацијата, системот заснован на правила и доверба меѓу земјите“.

Оваа криза е сериозен тест за ОН и нивните земји-членки, додаде Тедрос.

Тој нагласи дека ОН се создадени за да се зајакне мирот.

Ако вие, земјите-членки на ОН, нема или не можете да го запрете овој масакр, тогаш мора да прашаме зошто воопшто постојат ОН, истакна тој.

OhridNews