Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус изјави денеска дека неодамнешниот пораст на случаите на Ковид-19 во многу европски и северноамерикански земји е критичен момент за лидерите да преземат акција.
Ова е уште еден критичен момент за лидерите да го зајакнат дејствувањето. И уште еден критичен момент луѓето да се обединат за заедничка цел. Искористете ја можноста, не е доцна, рече Тедрос.
Тој се обрати на редовниот брифинг со новинарите во Женева од неговиот дом, каде што се наоѓа во самоизолација, откако на Твитер објави дека контактирал со лице кое било заразено со коронавирусот.
OhridNews