Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Адана Гебрејезус, денеска изјави дека е разочаран што кинеските власти не ги финализирале дозволите за пристигнување на тим експерти во Кина, кои ќе го испитаат потеклото на САРС-КоВ-2.

Тој рече дека членовите на меѓународниот научен тим започнале да заминуваат од своите матични земји во Кина во последните 24 часа, како дел од договорот меѓу СЗО и кинеската влада

Денеска дознавме дека кинеските власти сè уште не ги завршиле потребните дозволи за доаѓањето на тимот во Кина. Јас сум многу разочаран од оваа вест, имајќи предвид дека двајца членови веќе отпатуваа, а другите, во последен момент, дознаа дека не можат да патуваат, но беа во контакт со високи кинески претставници, изјави шефот на СЗО.

Тедрос рече дека „јасно ставил до знаење“ дека мисијата е приоритет на здравствената агенција на Обединетите нации и дека е „убеден“ дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за распоредување на тимот што е можно поскоро.

Ние сакаме мисијата да почне што е можно побрзо, рече тој.

Експертите, собрани од целиот свет, се очекува да го посетат градот Вухан, за кој се сомнева дека е местото каде што првпат се појави коронавирусот пред повеќе од една година.

OhridNews