Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека постои јасен проблем кај посиромашните земји кои немаат добиено вакцини против Ковид-19.

Богатите земји земаа најголем дел од испораките, рече Тедрос во Женева.

Тој ги повика земјите и производителите да престанат да склучуваат билатерални договори на сметка на проектот Ковакс, пренесува Би-Би-Си.

Проектот има за цел да обезбеди луѓето ширум светот да добијат пристап до вакцините веднаш штом ќе станат достапни, без оглед на богатството.

OhridNews