Големиот театарски хит, уникатната претстава „Малоѓраѓанска свадба“, во режија на Дејан Пројковски, вечерва повторно е на репертоарот на Охридскиот народен театар.

Предвидени се две претстави. Првата е закажана за 19 часот, додека втората е 3 часа подоцна, односно во 22 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Билети за претставата можат да се набават на билетарата од Центарот за Култура „Григор Прличев“, по цена од 250 денари. Бројот на гледачи за двете претстави е ограничен.

OhridNews