Со извонредната претстава „Детектор за лаги“, вечерва, започнува новата сезона на охридскиот Народен театар.

Ова театарско дело е работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.

Претставата е урнебесна комедија која говори за двајца сопружници кои имаат нарушени односи, а проблемите се обидуваат да ги решат со помош на психијатар – хипнотизер. 

Претставата ќе биде изведена на малата сцена при Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. 

OhridNews