Тетарот „У Моста“ од Перм, Русија, вечерва, во рамки на фестивалот „Охридско лето“, ќе ја одигра претставата „Женидба“ од Николај Василевич Гогољ. 

Театарот „У-моста“ од Перм е основан во 1988 год. благодарение на неверојатната енергија на режисерот Сергеј Федотов, кој буквално ја „бомбардира“ театарската атмосфера во Перм со светли и необични изведби.

Претставата „Женидба“ ќе се одигра во предворјето на Св. Софија со почеток во 21 часот, a за публиката е обезбеден превод на Македонски јазик. 

OhridNews