Театарската претстава за деца „Здраво детство” ќе биде прикажана пред најмладата охридска публика денес со почеток во 18 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.
Станува збор за интерактивна претстава за деца, што ги забавува и учи за другарството, здравата исхрана и грижата за домашните миленици, која ќе биде изведена во соработката помеѓу Народен Театар Охрид и Театар Патувалка.
Преку забавни игри, песни и интерактивни моменти, децата ќе имаат можност да учат и да се забавуваат со различните аспекти на приказната. Претстава за дечиња со возраст од 3 до 6 години, велат од Центарот за култура.
Во претставата играат Филип Кипровски, Дарко Богески, Јана Пауноска и Балтазар.
Картите по цена од 150 денари може да се набават на билетарата при Центарот за култура и денес во период од 13:00-18:00 часот.
OhridNews