Театарската претстава за деца „Хајди“ ќе се одигра во сабота во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга.

Драматизација и режија е на Ристе Миладин, а во неа играат членовите на драмското студио Миладин: Хајди – Матеја Миладинова, Дедото – Милан Блажески, Дета – Дафина Дејкоска, Мина – Адријана Клечкароска, Петре – Христо Дејкоски, Бабата – Бранкица Петковска, Клара – Емилија Спасеска, Таткото – Даниел Спироски, Гувернантата – Михаела Касниоска, Силва – Анастасија Дејкоска, Нараторот – Даниел Шикоски, информираат од Центарот за култура.

Додаваат дека оваа претстава е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Претставата ќе се одигра со почеток во 20 часот, а цената на билетот е 80 денари.

OhridNews