Љубителите на тетарската уметност вечерва со почеток во 21 часот во Предворјето на црквата „Света Софија“ ќе ќе имаат можност да ја проследат претставата „Сонот на Гогољ“ во изведба на актерите од „Сфумато“-тетарот од Софија, Бугарија.

Претставата е работена по драмскиот текст на Николај Васиљевич Гогољ под режисерската палка на Маргарита Младенова и Иван Добчев.

-Ова не е само едноставна изведба на текстовите на Гогољ, ова е последователна експедиција на Сфумато во светот на авторот. На хоризонтот во нашата потрага, можеме да ја замислиме фантазмагоричната силуета на Гогољ обвиткана околу неговиот добро познат шинел, која срамежливо се прикрадува кон импозантната улица „Невски проспект“ – која е моќен приказ на империјата Санкт Петербург. Тој град на духови, тој налудничав проект инспириран од претставата за небесниот Ерусалим, опишан е од Гогољ како дувло на демони и ѓаволи. Луѓето на Гогољ живеат меѓу нив и секој еден е дупликат на себе, приказ на сопствените стравови, копнежи и разочарувања…, пишува во најавата за претставата.

За костимите во претставата се погрижи Даниела Олег Лиахова, а за музиката Асен Аврамов. Улогите ги толкуваат Снежина Петрова, Антонио Димитриевски, Албена Георгиева, Мирослава Гоговска, Елена Димитрова.Христо Петков, Цветан Алексиев и Огњан Голев.

OhridNews