Поради зголемениот интерес за театарската претстава “Мали vs ГОЛЕМ” од детското драмско студио “ДрамаКидЗ” при НУЦК Григор Прличев-Охрид, ќе биде повторно изведена пред пошироката публика, во петок, 26 мај, со почеток во 20.00 часот.
Театарската претстава е коавторско дело на драматургот Кристина Тодороска Петреска и режисерот Ирена Стеријовска, а обработува теми од секојдневието на младите личности нивниот глас и размислувања, наспроти образовниот систем и воопшто светот на возрасните.
Стручен соработник е Зоран Левески, светло мајстор Борис Велјаноски, додека ментори се Зоран Пејкоски, Ѓорѓи Ризески, Филип Кипровски, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски.
Карти на билетара по цена од 100 денари.
OhridNews