Театарската претстава „Кумови” од Душан Ковачевиќ во режијата на Билге Емин повторно на репертоарот во понеделник, 16 декември.
Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата е на Кристина Тодороска Петреска, за сценографијата е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографијата Марија Пупуческа.
Претставата започнува во 20.00 часот, цената на билетот е 300 денари.
OhridNews