Театарската претстава “КУМОВИ” од Душан Ковачевиќ репризно на репертоарот на 25.10.2024 (петок) од 20:00 часот, овојпат во хуманитарни цели во соработка со Опшина Охрид, информира Центарот за култура “Григор Прличев”.

Парите од влезниците ќе бидат донирани за нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска со желба за брзо и успешно опоравување, стои во соопштението.

Режијата на претставата е на Билге Емин, додека во истата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата е на Кристина Тодороска Петреска, за сценографијата е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографијата Марија Пупуческа.

Цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и од 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

OhridNews