Театарската претстава „Кумови” од Душан Ковачевиќ во режијата на Билге Емин утре повторно пред охридската публика.

Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев. Преводот и драматургијата е на Кристина Тодороска Петреска, за сценографијата е задолжена Татјана Христоска Бажевска, а за костимографијата Марија Пупуческа.

Претставата започнува во 20.00 часот, додека цената на билетот е 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата.

OhridNews