Театарската претстава „Госпоѓа Министерка” од Бранислав Нушиќ, во режија на Благој Мицевски ќе биде повторно изведена во НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид / Народен Театар Охрид денес со почеток во 20 часот.

Во претставата играат Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Павел Маслов, Никола Тодороски, Ивица Цонев и Филип Кипровски.

Карти во продажба на билетарата при Центарот за култура „Григор Прличев“, по цена од 250 денари.

OhridNews