Во рамките на драмската програма, вечерва на Охридско лето е театарската претстава „Чудеска терапија“ од Даниел Глатауер во изведба на актерите на Драмски театар, Скопје. Режисер на претставата е Димче Николовски.
Почетокот е во 21 часот во Предворјето на црквата Св Софија.
Комуникацијата е универзална способност на секој човек. Но, дали знаеме вистински да комуницираме? Се чини едноставно, но во врска, сакале или не, се’ станува комплицирано. Понекогаш и до бескрај. Разговорот знае да прерасне во кавга, кавгата во конфликт, а конфликтот во војна. А проблемот, наместо да биде решен, да роди нов, поголем проблем. Зошто е важно да разговараме? Како да разговараме за вистински да ни помогне?
Оваа претстава се занимава со потребата од чиста и искрена комуникација како предуслов за една среќна врска. При тоа, безусловно е свесна дека во комуникациската еволуција, човештвото има уште многу етапи што треба да ги совлада. – вели режисерот Димче Николовски.
Во претставата уграат: Соња Стамболџиоска, Маја Вељковиќ Пановска и Предраг Павловски.
Претставата не е наменета за лица под 12 годишна возраст.
OhridNews