Битолскиот народен театар, вечерва, во рамки на фестивалот „Охридско лето“, ќе ја изведе Грчката трагедија Бакхи од Еврипид, во режија на Игор Вук Торбица, од Беlград, Србија.
Во претставата играат: Маја Андоновска – Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Мартин Мирчевски, Васко Мавровски и други.
Меѓу преостанатите и сочувани грчки трагедии на Еврипид, Бакхи се издигнува заради неколку тематски и формални причини, но можеби најважна е таа што Бакхите ја содржат алузијата на театарот сам по себе и фактот дека тие говорат за неговата скриена моќ и нашето цивилизациско сознание: моќта на раскажување на приказни.– вели театарската критика.
Театaрската претстава Бакхи ќе биде одиграна во Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток во 21 часот.
OhridNews