Tеатарската претстава “Кумови” од Душан Ковачевиќ, во режија на Билге Емин во петок, 28 февруари, со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена во Центарот за култура „Григор Прлилев“.

Во претставата играат Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски, Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.

Карти во продажба на билетара при Центарот за култура по цена од 300 денари. Билетарата работи секој работен ден од 10.00-17.00 часот и 13:00-20:00 часот на денот на изведба на претставата!

OhridNews