Градскиот Театар – Охрид почна со подготовки за новата претстава „Европа“ по текст на Дејвид Грег, а во режија на Софија Ристевска. Пробите, што започнаа денеска, ќе се оддржуваат во Центарот за култура кој воедно е партнер на проектот како и во целиот репертоар на Театарот. Премиерата се очекува да биде во втората половина на ноември.

– После „Среќни денови“ која премиерно беше изведена на 14-ти септември оваа претстава ќе биде втора премиера во оваа сезона. Со ваков континуитет и темпо ретко можат да се пофалат и поголеми театри.-вели актерот и режисер Горан Стојаноски.

На репертоарот на Театарот во понеделник на 18-ти октомври е претставата „Граница“ од Венко Андоновски во режија на С. Ристевска. Оваа претстава е наградена со втора награда на интернационалниот светски познат театарски фестивал „Експонто“ во Љублјана. Оваа претстава е одиграна на многу значајни интернационални фестивали и тоа: „Сарајевска зима“ Сараево, „Јоаким Вујиќ“-Крагујевац, „Врача“-Бугарија, „Војдан Чернодрински“ Македонија, „Ристо Шишков“-Македонија итн, а гостувала и во престижното „Народно Позориште“ во Белград.

OhridNews