Вечерва со почеток во 21:00 часот во Центарот за Култура „Григор Прличев“, Театарот на Армијата – Софија, Република Бугарија ,  ќе настапи со  претставата на Антон Павлович Чехов: „Галеб“  во режија на легендарниот Крикор Азарјан.

“Галеб” отсекогаш за мене бил една од најатрактивните драми пишувани од Чехов. Чехов гледал на луѓето, на светот, на нештата во животот, со полифоничен поглед. Неговата камера не го следи настанот, како што е на пример во делата на Шекспир, тој прикажува неколку точки на гледање. Секогаш има работи кои се преклопуваат и ова преклопување е особен близок поим за мене. Овие контрасти: висок – низок, силен – слаб, голем-мал, прават импликации кои се многу поважни од значењето на изговорените зборови. И ова е театар! – вели режисерот Зазарјан.

“Галеб” е претстава за љубовта, за смртта, за креативноста; згора на тоа, за конфликтот меѓу генерациите, родителите и децата. Целата суштина е тука, претставата е за повеќето универзални теми, и тие се вткаени во нивните органски врски, додава, познатиот театарски режисер Крикор Азарјан.

OhridNews