Објавувањето на одлуката на владата за формирање, односно прогласување отворање на професионален Театар со отворање на повеќе работни места кои професионално и квалитетно ќе подготвуваат театарски престави што ќе претставува насушна театарска потреба на љубителите на драмата во Охрид и пошироко. А Охрид како и Струга, се не само туристички, туку и културни центри на Република Македонија кои со своите познати и престижни фестивали пред се; „Охридско лето“ и „Струшки вечери на поезијата“, претставуваат туристичка, но и културна примамлива мека позната и во најоддалечените светски дестинации и стојалишта. А токму Охридскиот театар кој и во изминатите шеесеттина години (по неговото укинување 1954 г.) работеше со љубов, елан и жар на охридската актерска глума, која, иако на аматерска основа, имаше понуда со која со ракоплескање и овации ги пленеше срцата на љубители на театарот во Охрид.

Изјавата на актерот Горан Стојаноски дека; „…ова е историски момент за Охрид“, верувам, и убеден сум дека ваквата негова мисла ја делат бездруго сите граѓани на Охрид.

Добро е кога работите ќе тргнат на добро. Добро би било што побрзо и Струга да си ја добие професионалната; Национална установа Струшките вечери на поезијата, која со добар приод, поставеност и ангажман, ќе ги зацврсти културните темели не само на Струга, туку и на Република  Македонија. А граѓаните на Струга очекуваат дека нивната дамнешна желба за враќање на седиштето и дирекцијата на „Струшките вечери на поезијата“во Струга станува реалност и е на видикот.

Веруваме дека Министерството за култура на Република Македонија, во рамките на своите ингеренции и надлежности, и овбојпат ќе донесе правилно решение; враќањето на седиштето и управата на СВП во Струга, што исто така и за стружани ќе претставува „историски момент“, зошто Струга тоа го заслужува.
                                                                                                  
Петко Шипинкаровски

*Ставовите изнесени во
рубриката „Писма“ се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не
сноси одоговорност за содржината на истите.