Во сабота, 21-ви април, во Охрид гостува скопскиот Театар Комедија со претставата „Жена ми се вика Борис”, во режија на Синиша Евтимов, по текст на Рафи Шарт. Играат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мирјана Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов, Ева Скендеровска. Сценографијата е на Орхан Ќамилов, костимографија: Александар Ношпал, инспициент: Ниријамет Рушити, суфлерка: Сања Стојковска.
Претставата почнува во 20 часот.
Картите за претставата по цена од 150 денари можат да се набават од утре, 13-ти април, на билетарата на Народен театар Охрид, секој ден освен во недела од 10 до 20 часот.
Комедијата Жена ми се вика Борис, со оригинален назив Жена ми се вика Морис доживува и филмска верзија и тоа со забележителен успех. Инаку овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија: Проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото, се вонвременски.
OhridNews