Отворена е веб страна на која напуштените девојки ќе можат да ги продаваат подароците кои ги добиле од своите бивши дечковци.
На www.exboyfriendjewelry.com можете да продадете и купите прстени, белегзии, часовници и и слични подароци.
Па така можете да пронајдете прстен вреден околу 2.000 евра, со опис:
„Бев омажена три години, кога тој одлучи да не биде повеќе со мене. Се иссели, а јас продолжив понатаму. Сега ќе се омажам за прекрасен маж и со овој прстен ќе го платам медениот месец“.