Трет пат по ред на 17 јули во Охрид ќе се одржи “TBL“ Фестивалот на алтернативна музика на кој се промовираат млади, но и искусни бендови од Македонија.
Почетокот е закажан за 16:00 часот на помошното игралиште на СРЦ „Билјанини извори“. Картите во претпродажба ги има во кафе барот “Баланс“ во центарот на Охрид по цена од 150 денари. Љубителите на алтернативната музика во текот на 9-часовното уживање ќе имаат можност да видат и чујат десетина групи од земјава.
“TBL“ Фестивал на алтернативна музика по трет пат во Охрид