Поради големиот интерес кај публиката за фестивалот,организаторите прават напори тој да се одржи на отворен простор.
Оттаму информираат дека голем интерес за фестивалот има и кај андерграунд бендовите од соседните земји кои изразиле желба да настапат во Охрид, но проблем е ограничениот буџет. Тие се надеваат на помош од спонзори и локалната самоуправа со цел успешно да се реализира овогодинешниот фестивал.