Младите од охридската населба Варош чија тајфа го фати светиот крст на Водици, ја продолжија традицијата обновена токму од нив минатата година, да се плива по буре со вино.

Претходно на Денот на рибарите во вода се фрлаа неколку празни и едно полно буре со вино. Сега се фрла само едно, но најважно е што оваа традиција се уште е жива.

Тајфата од Варош што го фати крстот заплива и по бурето со вино

Тајфата на Мартин Гоџо ја продолжи и децениската традиција, фаќањето на крстот да го одбележи во култниот ресторан „Св. Софија“ во стариот град, каде пред повеќе од триесет години беше иницирано празникот Водици во Охрид да се одбележува масовно со што оваа прекрасна духовна традиција стана и додадена вредност на охридскиот туризам.

Фаќачот на крстот доби вредни подароци. Здружението „Богојавление“ на Мартин Гоџо, во ресторанот „Св. Софија“ му подари вредна икона „Богојавленски свет“ која специјално ја изработи охриѓанецот Стефан Мошовски, а познатиот охридски занаетчија Митко Укоески му подари Филигран со македонски рубин, специјално изработен за оваа пригода.

Г.М.
Фото: А. Момироска
Видео и фото од пливањето по бурето: Тајфа на фаќачот