Потрагата и мистеријата околу аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала заврши со најцрното сценарио. Англиската полиција потврди дека мртвото тело пронајдено во авионот кој исчезна на 21 јануари е од несреќниот фудбалер.

Спасувачките екипи кои беа приватно најмени недела дена активно ги бараа телата и остатоците од авионот кој мистериозно исчезна. Првично беа пронајдени перничињата и делови од авионот, а со помош на софистицирана опрема лоциран беше и трупот од авионот на дното од каналот Ла Манш во кој заглавено беше едно тело.

Сала кој направи трансфер во Кардиф беше во Нант да се поздрави и збогува со играчите и вработените во клубот пред да ја почне авантурата во Премиер лигата. Аргентинецот место да ги тресе мрежите во Англија и да ги радува навивачите на Кардиф несреќно замина во вечноста.

OhridNews