Големи количини ситен отад, во најголем дел хартија и пластична амбалажа го прекриваат центарот на Охрид секое утро. Во најголем дел тоа е околу пекарниците и продажните места за храна во градот. Наместо да го одложат во корпа купувачите по јадењето отпадот го оставаат кај ќе стигнат.
-Секое утро службите за одржување на јавната чистота се соочуваат со ваква слика во центарот на градот. Се интеревенира на сите места и уште во раните часови улиците и парковите се чисти, но останува впечатокот дека односот кон јавната чистота и хигиена во градот на некои луѓе, во најголем дел млади кои најмногу излегуваат до доцните вечерни часови, не е на потребното ниво. – велат од ЈП „Охридско Комуналец“.
Проблем има и на туристичките локалитети. Локалните водичи и агенции алармираат дека дел од нив се запоставени или не се одржува хигиената соодветно. Таков е случајот за Античкиот театар каде група јапонски туристи на прошетка со водич вчера утрото затекнала грда слика на расфрлан отпад.
-Едноставно пропаѓаме во земја од срам. – е краткиот коментар на туристичките работници.
Тие апелираат до институциите под чија надлежност се заштитените добра да поводат поголема грижа за хигиената на спомениците на културата, затоа што негативните впечатоци на туристите се најлошата реклама за охридскиот туризам.
OhridNews